Чулев прави нови промени во МВР

Полицијата во Прилеп, полициските специјалци тигри, но и центарот за информатика, телекомуникации и информациска безбедност ќе бида оддлеите во во МВР кои ќе добијат нови раководители и началници по предлог на техничкиот министер Наќе Чулев. Со овие три позиции се заокружува бројката од 15 дозволени со закон промени на раководни позиции во МВР со избор на техничкиот министер.

Нови началници ќе добијат сите 8 сектори за внатрешни работи, новата единица за интервентна полиција, внатрешната контрола, секторот за организиран криминал и одделот за специјални операции. За дел од позициите се уште не се соопштени имиња за кои Чулев размислува да ги постави, додека за дел од местата веќе се избрани луѓе, кои доаѓаат од структурите на МВР.

Лицата кои што министерот Чулев ги одбрал не и се познати на јавноста иако неколкумина биле блиски соработници или во обезбедување на поранешните министри Митко Чавков и Гордана Јанкуловска. Министерот Чулев не сакаше да прецизира конкретно кои имиња ќе ги предложи и назначи за позициите кои ги избрал, бидејќи прво ќе се чека промената на систематизацијата во владата за да претходните началници добијат дополнителни заменички позиции во истите единици во МВР.

Повеќе на Телма

- Реклама -