Чулев до криминалните групи: Ниту еден политичар нема да им биде гаранција да се спасат од кривичен прогон

Во инетрвју за дневникот на МРТ министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека осум  сектори за внатрешни работи ќе бидат подложни на промена, најави во интервјуто за Националниот јавен сервис МРТВ техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Промените, како што рече веќе се издиференцирани со техничкиот премиер Оливер Спасовски, и очекува во текот на денешниот ден да помине новата систематизација на Влада.

Чулев, во однос на претстојните избори и дали има точки на кои им е потребно повеќе внимание, вели дека како Министерство ги мапирале критичните точки и за денот на избори, а и пред тоа ќе бидат распоредени дополнителни полициски сили со цел спречување на каков било начин да се наруши избирачкото право на граѓаните или да се изврши корумпирање на гласачкото тело.

– „Ја користам оваа прилика исто така да упатам силна порака до сите оние поединци или криминални групи во земјата и во странство надоврзани на политички гарнитури дека ниту еден политичар нема да им биде гаранција да се спасат од кривичен прогон и процесуирање до правосудните органи доколку на кој било начин или со кој било средства се обидат да го нарушат избирачкото право на граѓаните или да го нарушат избирачкиот процес,“ подвлече Чулев.

Во однос на направените реформи во изминатиот период во МВР, Чулев вели дека начинот на кој биле направени не кореспондирал во целост на барањата.

– „За тоа сведочи на пример, што е предлагачот на Законот за Операторивно-техничката агенција по неполна цела година сега поднесува нови промени во овој Закон. Во однос на Агенцијата за национална безбедност кажав и претходно процесот на селекција е нелегитимен и нелегален од аспект што не беа испочитувани двете законски одредби, а тоа е спроведување на тест за интегритет и полиграфско тестирање, а исто, еве да ви кажам, денес службите ме информираа дека сите оние вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање коишто не беа примени во АНБ уште не се распоредени и по шест месеци во рамките на МВР и уште примаат плата од правен субјект којшто веќе не постои, а тоа е УБК,“оцени Чулев.

Во однос на кадарот во Министерството, Чулев смета дека во МВР има голем број луѓе со соодветно стручно образование и луѓе со чест и професионален интегритет и оти ќе настојува поларизацијата и партизацијата во МВР да биде елиминирано за сметка на професионализацијата

Тој во интервјуто исто така ги охрабрува граѓаните кои што имаат било какви сознанија за тековни но и нови криминални однесувања да ги пријават во Министерството за внатрешни работи.

-„Сите незавршени истраги и оние истраги кои што намерно од политички причини се држени во лер, во наредниот период до надлежните институции ќе бидат процесуирани и ја користам оваа прилика да ги охрабрам сите оние граѓани кои што имаат било какви сознанија за тековните, но и за нови криминални однесувања да ги достават до МВР, а тие на најпрофесионален начин ќе бидат процесуирани до правосудните органи,“ нагласи Чулев.

Во однос на Aгенцијата за национална безбедност процесот на селекција е нелегитимен и нелегален од аспект затоа што не беа испочитувани двете законски одредби, а тоа е спроведување на теза, интегритет и полиграфско тестирање, рече претходно Чулев. Исто така тој додава и дека распределените лица од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност и по шест месеци не започнале со работа а примале плата од правен субјект кој што не постоел, укажувајќи дека ваквата состојба во МВР мора што побрзо да се надмине.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -