Чибишев: Денот на пожарот во Кочани и месецот потоа, беа најтешкиот период од мојата докторска кариера

На Универзитетската клиника за токсикологија, специјалистите хоспитализираа околу дваесет пациенти со тешки труења од отровни гасови. Во следниот период беа примени и многу други лица кои во тој момент се наоѓале во дискотеката.

Докторот истакнува дека благодарение на професионализмот, стручноста и посветеноста на целиот персонал, успеаја да ги стабилизираат овие млади пациенти, кои сега се повторно со своите семејства.

„Уште еднаш изразувам искрена благодарност до сите членови на Универзитетската клиника за токсикологија, како и до сите поврзани клиники и институции кои во тој тешок период ни нудеше логистика и несебична помош. Да почиваат во мир сите оние што ги изгубија своите животи. Нека им даде Бог сила на семејствата кои ги загубија блиските во оваа трагедија да продолжат понатаму. Нека не се повтори никогаш повеќе“, вели доктор Чибишев.