Во трагична сообраќајна несреќа што се случи синоќа на обиколницата на Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, загинаа четири лица. Меѓу жртвите е познатиот баритон Ристе Велков, кој имаше 51 година, како и неговиот 20-годишен син. Заедно со нив, во несреќата загинаа и уште две момчиња, исто така од 20 години. Министерството за внатрешни работи вечерва потврди дека идентитетот на сите жртви е утврден.




