Четири лица притворени во Струмица, откриена марихуана за време на претресот

На 29 април 2026 година, во 23:15 часот, во селото Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишија слобода четири лица: С.З. (36), Д.В. (21), Б.М. (20) и С.А. (40), од истото село. При спроведување на претрес во домот на С.З., по добиена судска наредба, во присуство на Д.В., Б.М. и С.А., била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица бил известен за настанот. По документирањето на случајот, ќе следи поднесување на соодветна пријава.

Прочитајте и:  „Понекогаш се враќаат“ - Промоција на новиот роман на Димитрие Дурацовски во „Литература“