Миле Свилар, во моментов, со сигурност е еден од најдобрите голмани во Европа. Голманот сјае во дресот на Рома, а минатата сезона беше прогласен за најдобар во Серија А.
Белгиецот со српски корени оваа сезона се истакнува со своите изданија и значително придонесува за успехот на Вучица во борбата за Лигата на шампионите.
Според информации од „Caught Offside“, Манчестер Јунајтед и Челзи имаат намера да го донесат Свилар во своите редови по завршувањето на актуелната сезона и не планираат да штедат за неговиот потпис.
Се споменува дека подготвуваат понуда од 60.000.000 евра за него, но малку е веројатно дека оваа трансакција ќе се оствари, со оглед на тоа што тој неодамна го продолжи својот договор со Рома.
Фото/ depositphotos




