На граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата, поради зголемената фреквенција на возила, времето на чекaње се движи од 30 до 40 минути. На другите премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез.
Според известувањето од АМСМ, денеска од 8:00 до 17:00 часот, поради организирање на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе, во делот познат како Студена Вода, ќе биде одложен.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, исто така поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка, на локацијата позната како Салон, кај ресторан „Фемили“, ќе биде прекинат. Овој прекин ќе важи за регионалниот пат од Куманово кон граничен премин „Пелинце“ до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце.
Планирано е и повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин „Пелинце“ и за утре.
АМСМ ги советува возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата во котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од одрони. Ова се однесува посебно на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.




