Реал Мадрид ја прекина соработката со досегашниот тренер Чаби Алонсо, а на негово место доаѓа Алваро Арбелоа. Оваа одлука следува по поразот во финалето на шпанскиот Супер куп против Барселона.
Алонсо ја презема тренерската позиција во „кралскиот клуб“ минатото лето, доаѓајќи од Баер Леверкузен.
Во официјалното соопштение не се наведени конкретни причини за прекинатата соработка, но евидентно е дека резултатите не беа задоволителни. Поради тоа, Алонсо се наиде на недоразбирања и со играчот Винисиус.
Алваро Арбелоа, новиот тренер, досега најмногу работел со млади категории. Тој како играч остави белег во Реал Мадрид, Депортиво и Ливерпул, а исто така е носител на титули како светски и европски шампион со шпанската репрезентација.




