„Центарски улици 4“: Уметност, музика и живи статуи на улица „Македонија“ во Скопје

Уметнички настан во срцето на Скопје: Улична магија на „Македонија“

Според информациите од организаторите, улицата ќе се претвори во жива сцена со учество на улични статуи кои ќе се изведуваат од продукцијата „Театроск“, меѓу кои и ликовни уметници – студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН, кои ќе создаваат дела во текот на настанот. Планирани се и улични шоуа, DJ сетови, како и музички настапи.

Главната идеја е да се создаде простор за млади уметници, преку кој ќе можат да ја прикажат својата уметност пред публика, да се поттикне нивниот развој и да се активира јавниот простор со културни активности, истакнуваат од организацијата „Театроск“.

Настанот е инициран од Здружение на граѓани „Театроск“ од Скопје и е поддржан од Општина Центар. Оваа активност е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, а Универзитетот АУЕ – ФОН е партнер во проектот.

Прочитајте и:  Почина кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк