Цеца и Гудељ во прегратка, зетот со честитка за роденден и приватна слика

Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот 52-ри роденден, заедно со семејството и пријателите, а нејзиниот зет Немања Гудељ не заборави да ѝ упати јасни честитки.

Немања сподели лична фотографија со Цеца на својот Инстаграм профил, на која ѝ пиша емотивни зборови.

– Среќен роденден на мојата драга тешта. Те сакам – напиша тој во описот.

Цеца, воедно, откри и своите желби за овој посебен ден.

– Немам некои нови желби. Најважно е сите да сме заедно, да се сакаме, особено моето семејство. Посакувам да бидеме единствени, да растеме заедно и да сме здрави. Лично, ми е важно да бидам здрава, силна и полна со позитивна енергија. Сакам да бидам опкружена со луѓе што ги сакам и кои ме сакаат мене, да ми се зголеми публиката и да продолжам со овие прекрасни концерти. Тоа се некои од моите желби – изјави пејачката.