Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле
Случајот е откриен на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Возачот, со намера да избегне царинската контрола, одбил да застане пред царинскиот службеник и со зголемена брзина се упатил кон рампата, попречувајќи го во извршувањето на неговата задача.
При деталната контрола на возилото, пронајдени се 13 кутии со вкупно 312 лименки тутун за наргиле, што е вкупно 78 килограми. Оваа акцизна стока е спречена да влезе на пазарот без платени давачки, кои изнесуваат 508.048 денари.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по спроведените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство, соопштија од Царинската управа.




