Поддршка за заштита на културното наследство и животната средина
Со помош на Европската Унија, Царинската управа потпиша Меморандуми за соработка со цел да се формира Национална меѓуинституционална платформа за борба против еколошки криминал и криминални дејства кои се насочени кон културното наследство. Оваа платформа ќе овозможи поефикасна размена на информации, координирани истраги и ефективен кривичен прогон.
„С потписот на овие Меморандуми, создадовме основа за функционирање на платформата која ќе се бори против еколошкиот криминал и нападите врз културното наследство. Културното наследство и животната средина се основни вредности што го обележуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот. Секој обид за уништување на овие вредности не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и одржливост.
Таквите криминални дејства често се поврзани со корупција и перење на пари, што дополнително ја нагласува потребата за силен институционален одговор. Со системска соработка, го олеснуваме споделувањето на информации, координацијата на истрагите и доведуваме до поефикасен кривичен прогон.“
Завршниот настан на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина“ е резултат на обединетоста на институциите, силната поддршка од ЕУ и партнерството со италијанскиот Корпус на карабинери, чија експертиза значително придонесува за зајакнување на институционалните капацитети.




