Светскиот шампион ќе ја пропушти трката во Остин

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, кој беше принуден да ги прескокне првите две трки на оваа сезона поради повреда, ги потврди најавите дека нема да учествува на Големата награда на САД. “Се соочувам со извесни проблеми и процесот на рехабилитација не напредува толку брзо како што очекував. Би сакал да се натпреварувам во Остин, но нема да можам да учествувам. Во врска со Катар (13 април), сè уште не сум сигурен”, изјави Мартин на прес-конференција во Мадрид. Него го снајде несреќа за време на претсезонското тестирање во Малезија во февруари, при што беше потребна оперативна интервенција на раката, а по тоа доживеа и друга несреќа која резултираше со дополнителна операција. Мартин не успеа да настапи на првата трка сезонава во Тајланд и ќе ја испушти втората која се одржува овој викенд во Аргентина.