Кадилак влегува во Формула 1
Од следната сезона, Кадилак ќе биде дел од шампионатот на Формула 1. Минатата недела беше потврдено дека Валтери Ботас ќе биде еден од возачите, а денеска добивме информација дека на него ќе му се придружи и Серхио Перез.
Мексиканецот и Финецот се со богато искуство, возејќи за Ред Бул и Мерцедес во нивните најуспешни сезони. Овој состав е возбудлив бидејќи тие ќе добијат можност за првпат да се борат за статусот на прв возач, што им беше оневозможено порано поради Ферстапен и Хамилтон.
„Договорите со овие двајца возачи се значаен чекор за новиот тим. Тие се добро познати и умеат да постигнуваат одлични резултати во Формула 1,“ објавија од Кадилак.
Следната сезона ќе донесе големи промени во Формула 1. „Најбрзиот циркус“ ќе започне нова ера со Кадилак кој ќе се натпреварува со докажана екипа.
Серхио Перез не учествува во оваа сезона на Формула 1, додека Валтери Ботас е трет возач во тимот на Мерцедес.




