Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по возбудливиот натпревар со Борнмут (4:4), реши да сподели своите размислувања со новинарите и да ја најави можноста за заминување од клубот.
Португалецот повторно покажа извонредна игра, но тоа не беше доволно да му донесе победа на Јунајтед.
„Клубот сакаше да заминам ова лето и така се чувствував. Пред директорите изразив дека размислувам за тоа, но немав впечаток дека тие имаа храброст да донесат таква одлука. Одлучив да останам поради семејни причини и затоа што ми е важно каква е судбината на клубот. Разговорите со тренерот ме уверија да останам. Но, на некој начин, чувствував дека клубот мисли дека ако заминам, тоа не би било толку лошо за нив. Тоа многу ме повреди и растажи, бидејќи сум играч кој не заслужува критики. Секогаш сум тука, играм добро или лошо, но секогаш давам максимум на теренот. Ги гледам играчите кои не ја ценат доволно величината на клубот и не ги бранат неговите бои како што треба“, изјави Бруно Фернандес.
Меѓутоа, тој не застана тука и одговори на шпекулациите за можното транзитирање во Ал Хилал, кој предложи значителна сума за неговиот потпис.
„Претседателот на Ал Хилал ми се јави лично. Рубен Невеш ми испрати пораки со желба за директен разговор. Тие сакаа да настапам на Светското првенство за клубови за Ал Хилал. Таа желба почна од времето кога Жорж Жезус беше тренер, во 2023 година. Тогаш прв пат ме повика“, откри Бруно и продолжи:
„Не можам да се жалам, заработувам добро, но разликата е очигледна. Важно ми е обаче, да не биде само финансиското, туку и како ќе ми се промени животот. Мојот начин на живот би се променил, децата би имале поголеми сончеви денови, по шест години поминати во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига која се развива со многу познати играчи. Можев да заминам, како многу други, и да кажам „сакам да заминам, не сакам да тренирам“, за да добијам повеќе пари. Но, никогаш не се одлучив за тоа. Не чувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш имав емпатија кон клубот“, заклучи Бруно.
Капитенот на Јунајтед сигурно ќе биде во центарот на вниманието во медиумите по неговото признание и јасната најава за можноста за напуштање на клубот следното лето.
Фото/ depositphotos




