Најмалку 95 лица загинале, а 130 се повредени во силен земјотрес кој го погоди планинскиот регион на Тибет, јавуваат кинеските државни медиуми
Земјотресот со магнитуда од 7,1 и длабочина од десет километри го погоди светото тибетанско место Шигаце денес околу 09:00 часот по локално време, според податоците на Американскиот геолошки завод.
Земјотресите се почувствувани и во соседен Непал и делови од Индија.
A 7.1 magnitude #earthquake strikes in China's remote area in #Tibet region near Nepal, death toll rises to at least 53 and 62 injured so far. pic.twitter.com/G4uBiF5kL8
— Nikhil Choudhary (@NikhilCh_) January 7, 2025
На снимките од кинеската државна телевизија CCTV се гледаат уништени куќи и срушени згради, додека спасувачките тимови газат по урнатините и делат ќебиња на жителите. Кинеските државни медиуми јавија дека земјотресот со магнитуда нешто помала од 6,8 предизвикал „очигледни“ потреси и оштетил повеќе од 1.000 куќи.
Еден од гостите во хотелот во Шигаце изјавил за кинеската медиумска куќа Фенгмијан Њуз дека бил разбуден од бран на потреси.
Шигаце е дом на околу 800.000 луѓе и е еден од најсветите градови на Тибет и традиционално седиште на Панчен Лама, клучна личност во тибетанскиот будизам. Неговиот духовен авторитет е веднаш по Далај Лама.
Регионот блиску до епицентарот е ретко населен, но малите села се сместени во изолирани и често тешко достапни долини на Хималаите. Се проценува дека околу 6.900 луѓе живеат во 27 села во радиус од 20 километри од епицентарот.
Видеата на кинеските социјални мрежи, геолоцирани од Си-Ен-Ен, покажаа оштетени покриви, излози од продавници и отпадоци на улиците на округот Латсе, на околу 86 километри од епицентарот. Оштетени се и некои автомобили и мотоцикли паркирани покрај патот, покажа снимката.
.