Еден брод бил погоден од непознат проектил на 17 наутички милји северозападно од пристаништето Мина Сакр во Обединетите Арапски Емирати, информираше британската Агенција за поморски трговски операции во неделата, пренесе Ројтерс. Инцидентот се случил во емиратот Рас ал Каима. Според информациите, проектилот предизвикал пожар на бродот, но тој успешно е изгаснат. Бродот планира да го продолжи своето патување.



