Британскиот актер Роуан Аткинсон разоткри интересна приказна за потеклото на името на својот најпознат лик

Иако кариерата на Роуан Аткинсон е обележана со незаборавни улоги во серии и филмови како „Црна змија“, „Всушност, љубов“ и неодамнешниот хит на „Нетфликс“ „Човек против бебе“, за многумина тој секогаш ќе биде – Мистер Бин.

Во недавна изјава, славниот актер откри интересна приказна за потеклото на името на неговиот најпознат лик.

Потрагата по име

Ликот на Мистер Бин е создаден во 1980-тие, а Аткинсон првпат го претставил на Фестивалот на комедија во Квебек во 1987 година, со цел да провери дали хуморот може да функционра без зборови. Кога тој и ко-сценаристот Ричард Кертис одлучиле да му создадат сопствена серија, се соочиле со предизвик – протагонистот немал име.

Во разговор за „Би-би-си радио2“, Аткинсон објасни: „Тоа беше лик, но немаше име, кое го развивме на сцена. Потоа решивме да го пренесеме на телевизија… сметавме дека треба да ја именуваме емисијата по него, но немавме име.“

Од г-дин Вајт до зеленчук

Идејата првично била едноставна. „Некое време се викаше г-дин Вајт, многу благo име, но потоа се појави размислувањето за зеленчук, за некоја причина…“, сподели Аткинсон. Тогаш започнаа да разгледуваат креативни предложения.

„Имаше г-дин Карфиол, г-дин Тиквичка, поминавме низ многу варијации, а потоа Бин звучеше како кратко, остро име, со Б на почеток. Општо земено, зборовите што започнуваат со Б се малку поинтересни, сметам“, објаснува актерот.

Одуševenост кај обожавателите

Неговата способност да создаде лик што е глобално препознатлив и сакан, дури и без ниту еден изговорен збор, продолжува да ги фасцинира обожавателите. Објаснувањето за името дополнително го зголеми восхитот на социјалните медиуми.

„Одлично е како има толку богат речник и изговор, и е еден од најдобрите неми актери“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Лудо е како успеа да создаде толку популарен лик без ниту еден збор.“ Трет се пошегува: „Смешно е што бугарскиот збор за ‘грав’ е ‘боб’… а Роуан Аткинсон успеа да го направи смешно и самото изговарање на името ‘Боб’!“