На домашен терен, кошаркарите на Њујорк Никс ја однесоа победата против Мајами Хит со резултат 132:125 во НБА лигата.
Џејлен Брансон се истакна како најдобар играч на натпреварот, постигнувајќи 47 поени, а покрај тоа има и три скока и осум асистенции.
Мајами започна подобро, забележувајќи предност од +7 на крајот од првата четвртина. Во втората, Никс успеаја да ја намалат разликата и го презедоа водството.
Покрај Брансон, кај Никс се истакна и Мајкл Бриџис со 24 поени и четири асистенции. Оу Џи Анунуби додаде 18 поени, додека Џош Харт запиша дабл-дабл со 13 поени, 10 скока и пет асистенции.
На страната на Мајами, Калил Вер блескаше со 28 поени и 19 скока. Хаиме Хакез Џуниор внесоа 23 поени и пет асистенции, а Норман Пауел постигна 22 поени, четири скока и три асистенции.
Со оваа победа, Никс се наоѓаат на второто место на Истокот со 20 победи и осум порази, додека Мајами е седми со 15 победи и 14 порази.
НБА резултати:
Бруклин Нетс – Торонто Репторс 96:81
Минесота Тимбервулвс – Милвоки Бакс 103:100
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 113:124
Сакраменто Кингс – Хјустон Рокетс 125:124




