БРАКО и „Зелени машини“ на меѓународниот саем ИФАТ во Минхен

Рамо до рамо со конкурентите од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, а исто така и од Соединетите Американски Држави, македонската компанија ја промовира својата најсовремена технологија за одржување на урбаната хигиена.

Од „Грин машинс“ нагласуваат дека денешните клиенти бараат возила со различни типови на погон—електрични, дизел и водородни. Македонскиот производител нуди целосен спектар на решенија.

Тие истакнуваат дека дури 98 проценти од производството на БРАКО и „Грин машинс“ се извезуваат во над 60 земји, што го потврдува широкиот обем на глобалната продажба. Последната значајна испорака беше реализирана во Саудиска Арабија, конкретно во главниот град Ријад, каде што беа испорачани 52 возила наменети за одржување на урбаната хигиена.

Прочитајте и:  Ливерпул го надмина Њукасл во трката за потписот на Муњоз

„Грин машинс Македонија“ поседува свои компании-ќерки во Обединетото Кралство, Холандија и Соединетите Американски Држави.

Изминатата недела, Грин Машинс истовремено ги презентираше своите производи на три значајни настани: во Минхен, Германија, во Лас Вегас, САД, и во Ливерпул, Обединетото Кралство.