Филип Блажевски, член на таеквондо клубот Бутел, вечерва постигна значаен успех во Приштина, освојувајќи бронзен медал на Европското првенство за спортисти до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски оствари три победи, но и еден пораз. Тој уверливо го победи Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина со 2:0, а со 2:1 успеа да го совлада и Ајман Бари од Франција.
На крајот, поразот од Хрватот Оскар Ковачиќ му беше доволен да освои бронзениот медал, што е големо достигнување за нашиот спортист.




