Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, одржа координативен состанок со директорите на јавните претпријатија, кои синоќа беа активно вклучени во решавањето на проблемите предизвикани од обилните врнежи на дожд. Од секторот за односи со јавноста на Општина Битола соопштуваат дека Коњановски е присутен на терен и соработува со локалните и националните јавни претпријатија во градот. Активностите за санирање на последиците продолжуваат и ќе бидат во фокусот на вниманието.




