Битолчанецот Давор Неќак ја има првата улога на Фигаро во ХНК Сплит

Операта „Севиљскиот бербер“ на Росини повторно ќе блесне на сцената на ХНК Сплит, под диригентската палка на маестро Иван Хут и во режија на Крешимир Доленчиќ. Овој креативен тим ветува незаборавно искуство. Додека во главната улога Фигаро настапува талентираниот битолчанец Давор Неќак, кој во последно време бележи успеси, веќе се создава атмосфера на нетрпение и очекување за оваа премиера, која е закажана за петок, 13. март.

„Кога ми се јавија од ХНК Сплит и ми кажаа дека имаме само две недели за проби пред премиерата, чувствував известна напнатост. Дебитирањето во главната улога е огромна одговорност и краткиот рок дополнително ја зголемуваше чувството на притисок. Но, благодарение на одличната припрема и соработката со колегите, на крајот успеавме да направиме цврст основ за целиот проект. ХНК Сплит располага со извонредни професионалци кои ми помогнаа да напредувам во оваа улога. Театарот е навистина прекрасен со одлична акустика. Бих бил среќен повторно да настапувам тука“, изјави Неќак. Тој дополнува дека Фигаро е улога која секој млад баритон посакува, сметајќи ја за првата „круна“ во неговата кариера. Изведувањето на познатата арија „Ларго ал фактотум“ е особено технички предизвик.

Прочитајте и:  Трамп со нова порака: По Иран, на ред и Куба? Хавана одговара – подготвени сме.

Росини, кој се смета за еден од најугледните оперски композитори, не само што создаваше со леснотија и брзина, туку остави и длабок траг во оперскиот свет со својата најпопуларна комична опера „Севиљскиот бербер“. Неговиот неисцрпен извор на мелодии и ритмичка живост, заедно со маестралната оркестрација, го прават недвосмислено популарен и денес.

Изведбите на „Севиљскиот бербер“ во Сплит на 13. и 16. март се совршен избор, бидејќи ова дело, како што велат, е создадено токму за градот Сплит.

Неќак не само што настапува во оперскиот репертоар на својот матичен театар, туку активно ја негува и македонската традиција. Последниве месеци тој учествуваше во неколку значајни настани, вклучувајќи го и гала-концертот „Глазбени те зове“, по повод 200-годишнината на Хрватскиот музички завод, каде го изведе ликот на Млинарот Сима во делото „Еро с онога свијета“. Исто така, настапи со Загребачката Филхармонија во „Кармина Бурана“, под диригентската палка на Иван Шчепановиќ. Му посакуваме успешен старт и многу вакви оперски предизвици во иднина.