Битиќи: Заев во овој момент е повеќе од потребен

Чинот на оставка на премиерот е висок демократски чин, истакна вицепремиерот за економски прашања – Фатмир Битиќи, во гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Тој истакна дека навистина ја цени одлуката на Заев за оставка, но исто така, подвлече, високо го цени и чинот на одложување на неговата оставка до, како што рече, одреден период додека не се стабилизираат и не започнат процесите во партијата.

Битиќи оцени дека во, како што рече, нормални земји, во ваква ситуација едноставно би се преиспитале зошто работите не оделе како што треба и би направиле нов состав на Владата или во раководството на партијата. Но кај нас, смета тој, целата ситуација се сфаќа предраматично.

Прочитајте и:  Битиќи: Политичката цена од унгарскиот заем може да е поштетна и поголема

Во секој случај, Битиќи смета дека без оглед дали ќе бидат сменети двајца, тројца или повеќе министри, во новата влада – која тој ја нарече „Заев #3“ – актуелниот премиер ќе остане на својата одлука за повлекување, иако, истакнува вицепремиерот, тој во овој момент е и повеќе од потребен.

„Јас сметам дека не е на штета на владеењето ако има промени на ресори и промена на кадри. Се вели дека секој нов кадар носи нови знаења, нова енергија и друг пристап кон решавање на проблемите“, рече Битиќи.

- Реклама -