Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај ќе се соочи со Босна и Херцеговина во пријателски натпревар, кој ќе се одржи во Сараево.
Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина им овозможи на македонските навивачи да купат влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и секторот за стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.
Навивачите на нашата репрезентација можат да ги обезбедат своите билети преку веб-платформата на Фудбалската федерација на Македонија.




