Бијонсе и Џеј-Зи на работ на прекин?

Бијонсе наводно размислува да го напушти Џеј-Зи поради тоа што не ги исполнува брачните и татковските должности.Beyonce na jahti

Најпознатата музичка двојка се венчаа во 2008 година, а минатата година им се роди ќеркичката Блу Ајви. Иако на фотографиите изгледаат како чиста идила, Бијонсе, според новите натписи, смета дека Џеј-Зи е себичен и дека семејството никако не му е на прво место.

Проблемот се појавил кога Џеј-Зи одлучил да оди на турнеја во исто време кога и Бијонсе тргала на својата. „Не само што на неа воопшто не ѝ го спомнал својот план за турнејата, туку не се ни потрудил да ги организира датумите за концертите со неа“, рекол извор близок на двојката.

Прочитајте и:  Тушевска: Политиките на СДС ги оставија земјоделците на работ на опстанокот поради неисплатени субвенции, намалување на сточниот фонд и проблеми со откупот на земјоделските производи.

Заради сето тоа „Бијонсе во последно време се чуствува како самохрана мајка и јасно дава до знаење на сопругот дека стои на „тенок мраз“, заклучил истиот извор.