БиХ: Граѓаните повикаа на нов бојкот на маркетите

БиХ: Граѓаните повикаа на нов бојкот на маркетите

Фејсбук групата „БОЈкот.ба“ денеска повторно ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина да бојкотираат продавниците, ова е веќе трет пат по ред кога се организира ваква акција.

„Рационализирајте го вашето трошење во останатите денови. Избегнувајте да купувате расипливи производи и артикли кои најмногу поскапеле. Барајте алтернативи. Купувајте само основни намирници. Во петок, не купувајте ништо.Бидете дел од промената“, стои во соопштението на групата.

Оваа неформална иницијатива има за цел да изврши притисок врз трговците поради енормниот раст на цените на основните производи, слично како што беше направено неодамна и во Хрватска.

И покрај активностите, сè уште нема конкретни податоци за ефектите од претходните бојкоти. Според извештаите, не е познато дали акциите имале пошироко влијание врз цените во земјата.

Во меѓувреме, економистите во БиХ предупредуваат дека инфлацијата и натаму останува сериозен проблем, а граѓаните сè повеќе ги чувствуваат последиците од покачувањата. Дел од експертите велат дека покрај бојкотите, потребни се и системски мерки за стабилизација на пазарот.