Поради замена на вентил на улицата „Јани Лукровски“ број 12 во населбата Автокоманда, во општината Гази Баба, денеска ќе биде нарушено водоснабдувањето за корисниците од оваа улица. Прекраток водоснабдувањето е предвиден од 09:00 часот, и ќе трае до завршување на работните активности, најави Јавното претпријатие за водоснабдување и канализација.



