Поради технички зафати, денеска неколку улици во Чаир, како и дел од булеварот Партизански одреди, ќе останат без вода, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето на дел од булеварот Партизански одреди бр. 48а е резултат на замена на затварачи и ќе трае од девет часот до завршувањето на работите. Промените во водоснабдувањето се неопходни за подобрување на услугите за граѓаните.



