Корисниците во општина Карпош утре и во сабота ќе останат без вода за пиење, известуваат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според информациите од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре (петок) ќе се врши санација на два затварачи со дијаметри од 400 и 500 мм, што ќе предизвика прекин во водоснабдувањето.




