Денес, дел од жителите на село Кучково ќе бидат без електрична енергија, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи. Според информациите од ЕВН Македонија АД, на 15.04.2026 година (среда), од 09:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците во Кучково, кое припаѓа на Општина Ѓорче Петров. Ова е наведено во официјалното соопштение на РЦУК.



