Во Долнени, родното место на светскиот виртуоз на гајда, Пеце Атанасоски, живее големиот македонски авантурист и страдалник Александар Талески – Цане. Во својата младост Цане се оженил шест пати, имал две деца, но затоа пак успеал да заведе и продаде 80 жени од Копенхаген, Малме, Марсеј, Барселона.
светскиот виртуоз на гајда, Пеце Атанасоски, живее големиот
македонски авантурист и страдалник Александар Талески – Цане. Во
својата младост Цане се оженил шест пати, имал две деца, но затоа пак
успеал да заведе и продаде 80 жени од Копенхаген, Малме, Марсеј,
Барселона.
Момчето од Долнени не само што доаѓал до жените од високите кругови, туку доаѓал во допир и со славните имиња, какви што во тоа време биле Френк Синатра и Џони Холидеј. Го прашуваме како дошол до нив.- Седев со Синатра и Холидеј. Зошто да не седев, кои беа тие? Френк Синатра беше обичен мафијаш. Имав големи пари, а ако имаш пари можеш да бидеш во друштво со секого. Џони Холидеј имаше најголема приватна зоолошка градина, вели Цане.Како доаѓал во друштво на жените, како ги продавал, каде, колку заработувал?
– До жените најчесто доаѓав на пристаништата каде застануваа бродовите со кои патував. Имав чувство да дојдам до жена која има висока цена. Пред се таа мораше да биде руса и да не биде постара од 19 години. Во мојата врска со жените, посредуваа стројници. Стројникот имаше убава цена која не беше повисока од 2000 долари, а убава жена на Блискиот Исток имаше цена од 10 до 15 илјади долари. Жени продавав во Александрија, во Истанбул, во Бангкок.



