Фудбалерот на Сантос, Нејмар, објави дека е имал можност да се пресели во Флуминенсе, со цел да учествува на Светското клупско првенство во САД.
„Бев блиску до прелазот во Флуминенсе за време на Светското клупско првенство, што беше значајна шанса. Но, одлучив да останам во Сантос и да се фокусирам на опоравувањето, бидејќи не сум уште 100% подготвен. Сакам што поскоро да се вратам во својата најдобра форма“, изјави Нејмар во својата порака на социјалната мрежа Икс, според новинарот Фабрицио Романо.
Светското клупско првенство се одржува во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули.
Флуминенсе започна со реми од 0:0 против Борусија Дортмунд во првото коло од групата Ф. Во истата група се и екипите на Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка и Улсан од Кореја.