Бесплатен паркинг за Први Мај во Скопје, наплата само за затворените паркиралишта.

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, дел од паркиралиштата управувани од ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе бидат достапни без наплата за сите граѓани. Сепак, редовната наплата ќе продолжи за затворените паркиралишта со автоматска наплата, како што се „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, кои се под надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар. Исто така, наплатата ќе важи за зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и за јавните паркиралишта на Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кои се под управата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Редовната наплата на паркиралиштата ќе продолжи во сабота, 2 мај, со вообичаеното работно време.

Прочитајте и:  Спортскиот портал „Атлетик“ го избра дресот на Хрватска за најлош на Светското првенство 2026.