Бернардо Силва (31) по деветегодишен период во Манчестер Сити, го напушта клубот и се преселува во Барселона.
Според информации од каталонскиот новинар Микел Бласкез, „Бернардо Силва е 80% сигурен во трансферот во Барселона. Играчот договорил преминување и прифатил значително пониска плата, околу 60% помала од онаа што ја имаше во Сити.“
„Остана само да се завршат неколку детали, а Ханси Флик ќе донесе конечна одлука. Според актуелната ситуација, Флик е заинтересиран за Бернардо, но само доколку некои од фудбалерите од средниот ред, како што се Марк Касадо или Томи, го напуштат тимот. Освен Силва, не се предвидуваат дополнителни засилувања во средината. Заминувањата се сигурни. Ако не настанат неочекувани ситуации, Бернардо Силва ќе биде новиот играч на Барселона.“
Во текот на своето време во Сити, Силва одигра 454 натпревари, постигна 76 гола и запиша 77 асистенции. Освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа и пет Лига купа. Пред три години го освои и трофејот во Лигата на шампионите.
Претходно, тој славеше успех со Бенфика и Монако, а во Сити се приклучи во 2017 година за отштета од 50 милиони евра.
Фото: Depositphotos




