Белоусов во посета на Пјонгјанг: Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја забрзано се проширува

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов пристигна денеска во официјална посета на Северна Кореја.

Во Пјонгјанг тој изјави дека воената соработка меѓу двете земји брзо се проширува, соопшти прес-службата на руското министерство за одбрана.

Посетата се одвива во контекст на зголеменото приближување меѓу Русија и Северна Кореја. Северна Кореја испрати војници во делумно окупираната руска Курска област, што предизвика осуда од Украина, Јужна Кореја и Западот.

„За време на посетата на рускиот министер за одбрана се планирани низа билатерални средби со военото и политичко-военото раководство на Северна Кореја,“ соопшти руското Министерство за одбрана.

Белоусов беше пречекан на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг од севернокорејскиот колега Но Гуанг-чол.

Прочитајте и:  ГШ на украинската војска: Русија вчера загуби рекордни 2.030 војници, најмногу во еден ден досега

Според руското Министерство, договорот за стратешка соработка, потпишан годинава, има за цел да го намали ризикот од војна во Североисточна Азија и да го зачува балансот на силите во регионот.

- Реклама -