Гласноговорничката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно ставил до знаење дека сака Соединетите Американски Држави да ја „преземат“ контролата над Гренланд. Таа додаде дека присуството на европски сили во оваа област нема да влијае на неговата одлука.
Според Левит, разговорите помеѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марк Рубио, биле „продуктивни“. „Состаноците беа успешни. Двете страни се согласија да формираат работна група која ќе продолжи со техничките дискусии за преземањето на Гренланд“, истакна Левит. Овие разговори ќе се одржуваат на секои две до три недели.
„Ова е дијалог што администрацијата планира да го продолжи со Данците и со делегацијата од Гренланд“, рече таа. Левит акцентираше дека претседателот одамна го одредил својот приоритет: „Тој сака Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд, бидејќи верува дека тоа е најдоброто решение за националната безбедност“.
Таа нагласи дека испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп за контролата над оваа територија. Претходно, беше објавено дека сили од Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Норвешка и Шведска се упатиле кон Гренланд. Данска соопшти дека оваа операција „ќе ја зајакне нашата способност за делување во регионот“, додека Трамп тврдел дека само американската контролата може да го заштити арктичкиот регион од Русија и Кина.
Неволјите продолжија, бидејќи неколку часа пред изјавите на Левит, министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска одржаа разговори со Венс и Рубио, но по состанокот укажаа на постоење на „темелна несогласност“ во врска со иднината на оваа данска територија.



