Белата куќа: Агентите од службата за имиграција се херои, ги отстрануваат опасните криминалци од улиците

Американски имиграциски агенти во Минеаполис убиле американски државјанин, што предизвика силни протести и осуди од страна на локалните власти. Министерството за внатрешна безбедност објави дека агент на Граничната патрола пукал во самоодбрана, откако мажот се спротивставил и се обидел да го одземе оружјето. Меѓутоа, локалните власти го спорија овој навод, а видеа што се појавија на интернет, потврдени од Reuters, прикажуваат поинаква слика.

Убиениот е Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар во болница за ветерани. На видеата од очевидци, Прети стои на улицата и го снима настанот со својот мобилен телефон. Агенти прво користеле спреј за самоодбрана, а потоа го удирале и собориле на земја, при што еден од нив извадил оружје и испукал неколку куршуми.

Од Белата куќа, агентите се наречени „херои“, тврдејќи дека го чистат општеството од опасни криминални имигранти за да ги заштитат американските семејства. Локалните власти, пак, повторно нагласуваат дека ваквите акции ставаат политиката пред безбедноста на законитите граѓани.