Фудбалскиот клуб Барселона размислува да покрене правна постапка против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поради неговите коментари на денешната прес-конференција. Перез свика состанок со новинарите, што се претвори во обвинувања насочени кон конкурентите.
Правниот тим на Барселона во моментов ги проучува тие обвинувања на Перез за да утврди следните потези.
Перез го опиша „случајот Негреира“ како најголемиот корупциски скандал во историјата на шпанскиот фудбал.
„Пред три години беше откриен ’случајот Негреира‘, што е најголем корупциски скандал во историјата на нашата лига. Неприфатливо е судии од тој период дa продолжат да судат во натпреварите. Ние сме подготвени со опсежно досие што веднаш ќе го предадеме на УЕФА“, изјави Перез.
Претседателот на Реал најави испраќање на голем број документи до УЕФА.
„Подготвуваме досие од 600 страници кое ќе биде испратено до УЕФА. Ова е несекојдневен случај во светскиот фудбал. А претседателот на Судиската комисија ни вели да го заборавиме“, додаде тој.
Перез истакна дека има поддршка од сите структури во клубот и од навивачите.
„Членовите на Реал се со мене во борбата против Негреира. Не сме само ние оштетени, и другите клубови чувствуваат последици. Барселона секогаш извлекува корист. Ќе видиме дали УЕФА ќе реагира, и убеден сум дека ќе интервентираат“, рече тој.
„Не можете да бидете осомничени за платена корупција дваесет години. Ќе видиме што ќе следи, казнено и спортски од УЕФА. Не сум тука за судиите да станат богати од парите на Барселона“, додаде тој, изразувајќи непростлива неверица во целата ситуација.
„Не можевме ни да замислим дека шефот на судиите добивал средства од Барселона две децении. Оваа информација излезе на виделина премногу доцна. Оттогаш работиме на досие и ќе продолжиме до крај. Ова е најголемиот случаи на корупција во историјата на фудбалот. Никој не би помислил да им плаќа на судиите. Тоа е незамисливо“, изјави Перез.
На крајот, тој го сподели своето размислување за резултатите во домашното првенство во последните години.
„Не знам колку години сум во клубот, а освоив само седум титули во Лигата на шампионите и седум првенства. Додека можеше да бидат 14, бидејќи многу од нив ми ги украдоа. Подготвивме видео за 18-те бода што ни беа одземени оваа сезона“, заклучи претседателот на Реал Мадрид.
Барселона, во одговор на изјавите на Перез, објави официјално соопштение во кое наведува дека нивниот правен оддел внимателно ја анализира ситуацијата.
„Во однос на прес-конференцијата свикана од Флорентино Перез, ве известуваме дека нашиот правен тим проучува неговите изјави и обвинувања. Во моментов, сите изјави се анализираат, и ќе се разгледаат следните чекори. Кога ќе биде соодветно, јавноста ќе биде навремено информирана за ставовите и одлуките што ќе бидат донесени“, се вели во медиумското соопштение на клубот.




