Барселона планира да го активира откупот на договорот со Рашфорд.

Тренерот на ФК Барселона, Ханси Флик, им даде зелено светло на управата на клубот да го активираат откупот на договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Германскиот стратег јасно ставил до знаење дека го смета Рашфорд за важен член на тимот и дека сака да продолжи со него и во идната сезона.

Според оваа информација, каталонскиот клуб ќе ја искористи откупната клаузула, со што треба да му исплати на Јунајтед 30 милиони евра, сума која беше договорена минатото лето, кога Рашфорд дојде на позајмица во Барселона.

Фудбалерот веќе се согласил да прима пониска плата, за да се прилагоди на финансиската структура на клубот.

Рашфорд оваа сезона има одиграно над 40 натпревари во сите конкуренции и постигнал 14 голови.

Прочитајте и:  Повеќе пловила поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток

Фото/ Depositphotos