Барселона екипа оствари минимална победа над Рајо Вајекано, што им овозможи да го преземат врвот на табелата во Примера дивизија. Со оваа победа, Барселона успеа да ги освои потребните три бода и да се искачи на првото место, надминувајќи ги своите ривали

Барселона екипа оствари минимална победа над Рајо Вајекано, што им овозможи да го преземат врвот на табелата во Примера дивизија. Со оваа победа, Барселона успеа да ги освои потребните три бода и да се искачи на првото место, надминувајќи ги своите ривали

Во последниот натпревар од 24. коло на шпанската Ла Лига, Барселона обезбеди минимална победа од 1:0 против Рајо Ваљекано, што ѝ овозможи да се искачи на првото место на табелата. Единствениот гол на средбата го постигна Роберт Левандовски, успешно реализирајќи удар од белата точка во 28. минута.

Во текот на првото полувреме,Рајо Ваљекано,кој често знае да биде непријатен противник за каталонскиот гигант,успеа да создаде неколку добри шанси и дури стигна до погодок,но судиите го поништија поради офсајд позиција. Во второто полувреме, Барселона ја презеде иницијативата, создавајќи неколку изгледни можности, но не успеа да ја зголеми предноста, бидејќи напаѓачите не беа прецизни во завршницата.

Неочекуваните киксови на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид,кои не успеаја да освојат цели три бода и покрај фаворитската улога во своите натпревари,ја отворија вратата за Барселона да се искачи на лидерската позиција.

Само пред неколку кола, Реал Мадрид имаше предност од седум бодови пред ривалот од Каталонија, но со само два освоени бода од последните три натпревари, нивниот водечки статус беше доведен во прашање.Барселона, од друга страна, со четири последователни победи, успеа да го достигне и да го престигне својот најголем конкурент.

По оваа рунда, Барса и Реал имаат изедначен број на бодови – по 51, но каталонскиот тим има подобра гол-разлика. Атлетико Мадрид е на третата позиција со 50 бодови, а Рајо Ваљекано, и покрај тоа што претрпе прв пораз по десет кола, остана на шестото место со 35 бодови.