Никола Јокиќ имаше својата кошарска симултанка во петтиот натпрвар против Оклахома и буквално сам го водеше својот тим во најтешките моменти, но сепак ниту фантастичниот Србин не можеше сам да донесе победа за неговиот Денвер.
Оклахома со тимска игра стигна до предност од 3:2 во серијата и сега ја дели само еден триумф од конференциско финале, но по крајот на мечот многумина ја коментираа партијата на Јокиќ, но и лошата поддршка која ја добива од соиграчите.
„Џокер“ мораше да се помири со порази и покрај тоа што го заврши мечот со 44 поени, 15 скокови и 5 асистенции, па во ситуација кога беше оставен сам да се бори за триумф, Чарлс Баркли распали по двајцата останати најплатени играчи во тимот.
– Јокиќ има поголема одговорност од било кој друг играч во лигата и тоа не е фер. Ниту еден друг играч не го води тимот сам како што го води тим. Никој не е најдобар во својот тим по бројот на поени, скокови и асистенции.
– Мора да ги прозиваме јавно Мареј и Портер Јуниор. Кога се ѕвези и кога добиваат толку пари, мора да трпат и добри и лоши работи. Тие двајца мора да му помогнат, не може Јокиќ да игра сам во клучни моменти. И тие двајца добиваат проклето големи плати, – порача Баркли.
Џамал Мареј го заврши мечот со 28 поени, но ужасно лош беше Портер Јуниор кој запиша само 2 поени.