Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, денеска беше официјално претставен како нов фудбалер на Коњаспор. Во наредните две сезони, тој ќе го носи дресот на овој турски клуб.
Ова е трет клуб во Турција за Барди, кој претходно играше за Трабзон и Бодрум.
Како знак на новото поглавје, Барди ќе го носи дресот со број 10.




