Тренерот Гордон Херберт го напушти клубот Баерн Минхен, потврдија од клубот.
Херберт, кој потекнува од Канада, и германскиот клуб постигнаа взаемен договор за разделба. Оваа одлука следуваше по серија неуспеси на Баерн во Евролигата, каде што тимот запиша осум последователни порази.
Баерн никогаш не бил во толку долг период без победа, што на крајот резултираше со заминувањето на 66-годишниот стратег, кој претходно стана светски првак со репрезентацијата на Германија.
Херберт ја презеде тренерската позиција во Баерн на почетокот на минатата сезона и успеа да го донесе клубот до титулата во Бундеслигата и до место во плејофот на Евролигата.
Сепак, со резултат од 5-12, Баерн во моментов се наоѓа на претпоследната позиција, а во петокот претрпе силен пораз во Монако со резултат 103:77.
Фото/ shutterstock




