Баерн понуди 85 милиони евра за Дијаз

Баерн Мунхен продолжува со своите напори за трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул. Германскиот шампион веќе предложи 65 милиони евра пред неколку дена, но раководството на клубот од „Енфилд“ ја отфрли понудата без многу размислување.

Според информации од „Билд“, изминатата ноќ, раководството на Баерн испратило нова понуда во висина од 85 милиони евра, со дополнителни 5 милиони евра во форма на бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој неодамна одлучи да го напушти Ливерпул.

Мнозинството аналитичари веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе се приклучи на Баерн од понеделник.