Баерн го официјализираше трансферот на Димитријевиќ.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е нов член на клубот Баерн, соопштија од германскиот клуб.

„Задната линија на Баерн е повторно комплетирана: по заминувањето на Спенсер Динвиди, во клубот дојде Ненад „Нено“ Димитријевиќ, кој потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката за уште една година“, информираа од клубот.

„Минхен е одлична и многу почитувана организација, и кога тренерот Пешиќ ќе ве повика, тоа е голема чест и не постои двоумење. Искрено сакав да се вратам во Евролигата и веднаш да помогнам во остварувањето на што повеќе победи. Тимот има амбиции да ја освои лигата и купот, и сака да се бори до последниот натпревар за место во плејофот на Евролигата. Ќе вложам цела своја енергија и борбен дух, за да максимално се спремиме за секој натпревар“, изјави Нено.

Димитријевиќ (27) минатата сезона премина од Олимпија Милано во Зенит, а сега се приклучува на Баерн од Санкт Петербург.

Претходно, тој имаше настапи за УНИКС, Валенсија и Хувентуд.

Во меѓувреме, Баерн брзо го напушти големото засилување од НБА, Спенсер Донвиди.

Фото/ EPA