Автобус удри девојче во Ново Село, сообраќајот кон Волково се одвива по едната лента.

Сообраќајот во скопската населба Волково попладнево се одвива со потешкотии и само по една коловозна лента, поради сообраќајна незгода што се случила во близина на Основното училиште „Тихомир Милошоски“ во Ново Село. Според информации од граѓани на социјалните мрежи, во незгодата бил вклучен приватен автобус кој удрил во девојче, која, според првичните податоци, се здобила со полесни повреди. На местото на настанот, сообраќајот е делумно регулиран, но се создаваат застои во движењето на возилата во правец кон Волково. Повеќе детали за околностите на оваа сообраќајна несреќа се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.