Австралија има ограничувања, но не целосна забрана

Австралија има ограничувања, но не целосна забрана

Австралиската влада донесе одлука да воведе двегодишна забрана за странски субјекти да купуваат станбени недвижности во земјата.

Министерката за домување, Клер О’Нил, во изјава за Sky News во неделата потврди дека „ќе воведеме забрана за странска сопственост на постоечки станбен имот во Австралија“. Таа овој потег го нарече „важна мерка“ во контекст на тековната криза со достапноста на недвижностите.

„Ова не е магично решение за станбената криза, бидејќи такво решение не постои. Но, цврсто верувам дека, со оглед на притисоците врз пазарот на недвижности со кои се соочуваат Австралијците, должни сме да ги насочиме сите ресурси и напори за обезбедување на пристапно домување за нив. Нашата цел е, каде што е возможно, поголем број млади Австралијци да добијат можност за сопствен дом“, нагласи О’Нил.

Актуелен контекст

Оваа мерка доаѓа во време кога цените на недвижностите во Австралија продолжуваат да се зголемуваат, а побарувачката за живеалишта расте. Според податоците од пазарот на недвижности, значаен удел во купувањето станови имаат странски инвеститори, особено од Кина и други азиски земји. Владата се надева дека забраната ќе овозможи олеснет пристап за локалните жители,кои сè потешко можат да си дозволат купување или изнајмување дом.

Дополнително, оваа одлука е дел од пошироките политики за регулирање на пазарот на недвижности и поттикнување на градење нови станови, со цел да се намали долгорочниот недостиг на домување во Австралија.