АВМУ започнува постапка за одземање на дозволата на ТВ Алфа

АВМУ започнува постапка за одземање на дозволата на ТВ Алфа

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) донесе едногласна одлука за започнување на процедура за одземање на дозволата за емитување на Телевизија Алфа, поради неплатени долгови, објави 4news.mk.

Доколку телевизијата не ја подмири финансиската обврска за дозволата навреме, постои значителна веројатност да прекине со работа.Сепак, засега постојат најави дека Алфа ќе изврши уплата најдоцна до крајот на февруари.

„Бидејќи радиодифузерот не го подмири надоместокот за емитување во предвидениот период, се донесе предлог за започнување на процес за одземање на дозволата“, изјави директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.

Тој објасни дека 87% од медиумите веќе ги исполниле своите задолженија,но од националните телевизии единствено ТВ Алфа сè уште не го подмирила својот долг.

Освен овој медиум, финансиски обврски кон АВМУ сè уште не ги имаат исплатено и неколку други телевизии, меѓу кои ТВ МТМ од Скопје, ТВ Кочани од истоимениот град, ТВ Калтрина од Струга, Галакси од Кавадарци, како и радиостаниците РФМ и Џез ФМ од Скопје.