Скопје, 14 мај 2025 – Со зголемениот тренд на глобалниот пазар на директни плаќања кој се предвидува да достигне 34,16 милијарди долари до крајот на годината, Visa го прошири своето портфолио со овозможување на инстант трансфери, како на домашно така и на меѓународно ниво, користејќи само телефонски број или платежна картичка. Со само неколку чекори, корисниците, компании и институции се во можност брзо и безбедно да префрлат средства на други сметки преку банкарските мобилни апликации или веб-страници. Брзината на трансферот, која се одвива во реално време, е значајна предност на оваа нова услуга.
„Со воведувањето на Visa Direct во Македонија, корисниците добиваат можност да ги извршуваат своите финансиски трансакции на безбеден и ефикасен начин. Преку пионерски платежни решенија, ние целиме да се прилагодиме на тековните потреби на нашите корисници,“ изјави Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.
Visa Direct се потпира на напредни безбедносни механизми, користејќи ја VisaNet мрежата – глобален платен систем кој има управувано со над 3,3 трилиони трансакции во 200 земји во последните 25 години. Корисниците можат да бидат уверени дека нивните финансиски податоци се добро заштитени благодарение на повеќеслојната заштита што ја нуди системот. VisaNet, дизајниран за заштита на сите вклучени страни во трансакциите, повеќе од 30 години се потпира на вештачка интелигенција за детекција и спречување на измами.
Официјалното претставување на Visa Direct во Македонија ќе го засили развојот на дигиталните финансиски услуги во регионот. Во многу земји од Југоисточна Европа, ваквите трансакции стануваат клучни за малите и средните претпријатија, како и за потрошувачите кои бараат поефикасно управување со средствата. Овие иновации допринесуваат и во намалување на сивата економија и ја зголемуваат транспарентноста на трансакциите, позитивно влијаејќи на економскиот раст на долг рок. Visa Direct, првпат лансирана во 2013 година, сега е достапна на повеќе од 190 пазари и поврзува 11 милијарди корисници во 160 различни валути.